Крвава пресметка помеѓу навивачи на белградските клубови Партизан и Црвена ѕвезда се случила пред почетокот на дербито во младинската лига на Србија.
Според српските медиуми навивачите на Партизан од заседа ги нападнале противничките навивачи, по што следувала крвата пресметка, во близина на тренинг центарот на Партизан „Телеоптик“.
Извештаите говорат дека навивачите на Црвена ѕвезда биле во поголем број и дека во тепачката биле користени чадни бомби, палки и топовски удари.
Полицијата интервенирале и го блокирала тој дел од Белград.