Кумата Сања ми го украде бидермаерот

Две девојки од Белград, Јелена и Сања, биле најверни другарки уште од раѓање. Заедно учеле да одат и нивното кумство никогаш не било доведено во прашање. Уште како тинејџерки правеле планови за тоа и се обложиле кoja прва ќе се омажи. А потоа на денот на венчавката кумата Сања сакала да ѝ го уништи расположението и ѝ го украла бидермаерот.

„Кога реков „да“ и следуваше честитање, се сеќавам дека на најблиската маста го ставив бидермаерот за да можам да го прегрнам секој што ќе дојде. Не минаа ни пет минути и видов дека масата е празна. Мојот букет исчезна“, се присетува Јелена.

На почетокот не паничела, најпрвин мислела дека е шега, а потоа, откако половина час не можеле да го најдат, таа со гостите се фотографирала без него, но била многу нервозна.

„По половина час честитање и фотографирање без бидермаерот, станав нервозна. Слушнав како фотографот ми зборува каде и како да се наместам за неговото фрлање, но моите раце беа празни“, вели Јелена.

– Пред венчавката си реков, ова е твој ден и не смее ништо да те изнервира. Сопругот ми рече да земам некој мал букет од масите и да не се нервирам. Зедов, но знаев дека некој од гостите сака да ми го уништи денот, а тоа ме скрши – додава таа.

„Го послушав, но оваа кражба многу ме потресе. Се преправав дека сум среќна, но не можев да бидам затоа што знаев дека меѓу моите гости има некој што сакаше да ми го уништи најубавиот ден во мојот живот. Како што минувала свадбата, така Јелена ѝ се препуштила на среќата, но изгледала како да се сомнева во секого. Пред самиот крај излегла да ги испрати пријателите и забележала во еден автомобил нешто поради што престанала да дише на секунда.

„Се доближив до добро познатиот автомобил на мојата кума, а на задното седиште го забележав мојот бидермаер. Истата секунда влегов во ресторанот и ѝ удрив шлаканица. Сања само за миг помислила да се одбрани од налетот на невестата, но набргу се откажала. Дури не се ни обидела да се оправда. Си ги собрала работите и си заминала

Scroll to Top