Свадбените приказни секогаш се најинтересни и засекогаш ќе се прераскажуваат. Без оглед на лошите искуства, оваа приказна е доказ дека навистина постојат луѓе што ги ценат вистинските вредности и пријатели во животот!
Драгана (31) пред 7 дена пристигнала на многу важна свадба. Се мажела нејзината најдобра пријателка. Мажот ѝ и таа подготвиле коверт со 20 евра.
„Свесна бев дека тоа беа малку пари од повеќе причини: прво, се работеше за богата свадба, а јас бев нејзина најдобра другарка, а истовремено бев и нејзина кума. Сепак, навистина не можевме повеќе да обезбедиме. Немавме од каде. Јас не работам, а сопругот има само 250 евра плата. Едвај преживуваме и опстануваме со синчето. Да го немавме станот што ни го отстапија неговите родители, ќе немавме пари ни за кирија. Вака, буквално, крпиме крај со крај.
Нејзината свадба ја чекав целиот мој живот, таа ми е како сестра што никогаш ја немав. Моравме да одиме, макар и без ништо. Ги земавме последните 20 евра и ги ставивме во коверт, а јас се чувствував како најлошата личност на светот.
„Некако го надминав тоа лошо чувство како што течеше славењето. Најлошиот момент беше кога ги собрав ковертите со пари, таа одлучи да го земе микрофонот и да ги отвора ковертот еден по еден за да прочита кој што ѝ донел! Занемев за миг! Првпат видов такво нешто. По нејзиното лице видов дека не ѝ е пријатно, но сопругот така сакал, а таа морала да го почитува затоа што во неговиот крај така се правело. Кога ги отвораше ковертите, јас со секое ново отворање умирав. Се редеа цифри од 100, 200, па и 500 евра. Мене како кума, ме остави за крај. Доволно лошо се чувствував сама со својата совест, но како тоа да не беше доволно. Кога го отвори мојот коверт, јас и сопругот веќе од срам почнавме да црвенееме и да се подготвуваме да побегнеме од свадбата, а мојата пријателка на микрофонот изјави пред 500 гости дека од својата најдобра пријателка, воедно и кума, добила 1.000 евра.
Бев во шок, сопругот и јас гледавме и ништо не ни беше јасно. Се разбира, гостите беа во транс и сите нѐ гледаа со воодушевување. Боже, какви луѓе се тоа, додека во ушите ми одѕвонуваа тие 1.000 евра, во главата ми се вртеа мислите за тоа дека во животот никогаш не сум држела во своите раце толкава сума пари.
По неколку минути ми пријде и нашиот коверт спакуван ни го врати и ми рече дека знае оти не сум во најдобра ситуација и дека сака да ми ги врати моите пари затоа што моето искрено пријателство ѝ е повредно од сите пари на овој свет, а дека на микрофонот ја кажала таа сума само за злобните и расипани луѓе кои чекаа да слушнат колку пари ѝ дала кумата, а кои се надевале дека сумата ќе биде многу мала.
Како што рекла, најважно ѝ било тоа што секогаш е тука за неа и никакви пари на овој свет тоа не можат тоа да го променат.