Колку знаете за плакот што се создава на забите на децата и што треба да преземете за темелно да го отстраните? Ексклузивниот застапник за линијата Лакалут, НАТУСАНА Македонија, подготви кампања за да ги едуцира родителите за правилната орална хигиена кај децата со цел отстранување на плакот, што е потребно за да се заштитат нивните заби, која храна треба да се јаде, а која да се одбегнува и останати важни совети. Во склоп на кампањата, НАТУСАНА организира и голем награден натпревар на kids.lacalut.mk во кој ќе можат да земат учество семејства со дечиња над четири годишна возраст, кои ќе го купат специјалното пакување од детските пасти за возраст од 4-8 и 8+ со гратис раствор за отстранување на плакот.
Детектирајте го плакот кај децата со новото специјално пакување Лакалут
Малите невидливи „чудовишта“ (производ на храната и пијалаците што се консумираат секојдневно) се присутни на површината на забите и многу често се случува поради неправилна техника на четкање, овие остатоци да формираат плак што останува на забите и може да предизвика кариес. Специјалните нови пакувања од детската линија Лакалут, наменети за возраст од 4-8 и 8+ кои во себе вклучуваат ГРАТИС раствор за детектирање на плакот, ќе им помогнат на родителите и дечињата лесно да го детектираат плакот, а со тоа да се погрижат најмалите членови во семејството да практикуваат темелна орална хигиена. Сите информации потребни за правилна темелна хигиена и отстранување на плакот, на родителите им се достапни на kids.lacalut.mk.
Вклучете се во натпреварот
Во склоп на кампањата, на kids.lacalut.mk започнува и голем награден натпревар кој стартува на 17.09 и ќе трае два месеца. Во овој период, учесниците ќе треба да ја покажат својата креативност преку прикачување на фотографија со специјалните пакувања наменети за возраст од 4-8 и 8+, растворот што доаѓа ГРАТИС во овие пакувања, како и да напишат мисла со која ќе опишат како тие ги разоткриле „чудовиштата“ на забот (симбол за остатоците што остануваат на забите и го создаваат плакот).
Најкреативните десет учесници ќе освојат годишна залиха Лакалут производи за целото семејство!
За повеќе информации, следете ја фан страната на Четко Четковски!