Лансиран најголемиот вселенски телескоп, треба да ги открие првите ѕвезди во универзумот

Најголемиот вселенски телескоп “Џејмс Веб” денеска беше лансиран од Француска Гвајана. Вселенскиот телескоп на НАСА, вреден 10 милијарди долари, беше лансиран на ракетата Аријана-5. Тој се смета за еден од најголемите научни потфативо 21 век. За неговиот дизајн и изработка биле потребни дури 30 години.

Неговата мисија е да се надоврзе на откривање на вселенскиот телескоп Хабл, кој веќе 31 година е во орбитата, а наскоро ќе престане да функционира.

„Џејмс Веб” ќе може да гледа подлабоко во вселената и многу подалеку во минатото. Целта е да се видат некои од првите ѕвезди и галаксии кои се формирале откако планетите настанале од експлозија во вселената, пред повеќе од 13,5 милијарди години. А исто така ќе може да ја испита атмосферата оддалечена на далечените планети, за да се види дали има гасови кои би можеле да навестат присуство на живот.

Всушност, тој е е огледало широко 6,5 метри преоблечен во злато, поврзано со инструменти со висока сензитивност.

Scroll to Top