Лав нападна нилски коњ и тоа му беше најголемата грешка во животот

Николас Мулан, експерт за еколошко управување и конзервација на биологијата, вели дека никој не би смеел да го потцени нилскиот коњ.

Лавовите се познати како предатори по својата брзина и острите вилици со кои го зграпчуваат секој плен. Но, еден лав малку ги прецени своите способности, па го нападна нилскиот коњ, но веднаш зажали поради својата одлука.

Лавот полека му се прикрадувал на нилскиот коњ, а тој на почетокот ништо не забележал. Но, кога ја увидел заканата, го почнал нападот.

Дошло до конфликт меѓу двете животни, а нилскиот коњ успеал да го собори лавот на земја, кој потоа побегнал.

Николас Мулан, експерт за еколошко управување и конзервација на биологијата, вели дека никој не би смеел да го потцени нилскиот коњ.

„Иако изгледа како фино и слатко суштество, тој, дефинитивно, е животно што не сака да му се доближувате. Многу лесно се плаши, а потоа умее да биде исклучително агресивен и нема да се двоуми да ги нападне сите оние што ги смета како закана“, изјави тој.

Но, тој смета дека лавот не сакал да лови, туку биде радознал, пренесува ladbible.com.

„Веројатно лавот мислел дека нилскиот коњ е мртов или повреден, па погрешно ја проценил ситуацијата“, изјави тој.

Гледајте го видеото:

 

 

Scroll to Top