Лажен гинеколог од градот Таранто во Италија измамил повеќе од 400 жени јавувајќи им се на мобилен телефон и нудејќи им бесплатни лекарски прегледи. Тој ги прегледувал онлајн, а потоа ги лажел дека имаат сериозна вагинална инфекција, вели италијанската полиција.
Полицијата кај него нашла неколку телефони, снимки од прегледите, како и податоци од повиците на жртвите. Тој на девојките им се јавувал од таен број, а нивните броеви ги наоѓал од порталите со онлајн-огласи. Кога ќе им закажел преглед, им велел да немаат секс додека не им дојде редот за преглед. Полицијата вели дека лажниот доктор сега ќе одговара за повеќекратно силување.