Легендарното југо освен што било популарно во своето време, без оглед на главобоките кои им ги задавал на стопаните, бил ѕвезда на бројни вицеви, а сега се појавило и во еден анимиран филм.
Југото го имаше своето холивудско деби во филмот „Умри машки“, кога во него се возеше актерот Брус Вилис, а на крајот на годината ќе стигне и во кината во анимираниот Спајдермен, во кој човекот пајак запознава момче слично на себе и решава да го обучи да се бори против криминалците.
Во една сцена, додека Спајдермен лета над градот, се гледа реклама за југо. На билбордот пишува:
„”Wherever Yugo, I Go”. А под тој слоган пишува порака: “I’ll get you from A to B.”