Лек против коронавирус се тестира на пациенти во Америка

Лекот кој би можел успешно да го излечи и спречи Ковид-19, се тестира на пациенти во повеќе градови во САД, соопштиле од фармацевската компанија Regeneron.

Станува збор за прво тестирање со коктел антитела на Ковид-19 во Америка, пренесува „Си-Ен-Ен“. Доколку тестирањето се покаже како успешно, од компанијата Regeneron се надеваат дека лекот би можел да биде достапен веќе на есен.

Клиничките тестови почнале во средата, а од компанијата најавуваат дека лекот ќе биде испитан на 4 групи на пациенти, тие кои се хоспитализирани со Ковид-19 и оние кои ги имаат симптомите на болеста, но не се хоспитализирани.

Потоа ќе бидат тестирани и на здрави поединци кои се во ризична група да се разболат и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заболени лица.

„На светот му се потребни бројни солуции за лекување, па иновативната биофармаколошка индустрија, здружено работи за да даде помош на колку е можно повеќе луѓе“, изјавил Џорџ Јанкопулос, коосновач и претседател на научното одделение на компанијата Regeneron.

 

Scroll to Top