„Лидл“ доаѓа во Македонија

Германскиот трговски синџир „Лидл“ доаѓа во Македонија. „Лидл“ ја регистрира својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрира подружницата со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар.

Инаку, во моментот „Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации и вработува 3.000 работници, а има експанзионистички план за оваа година за отворање уште пет маркети и вработување уште 250 луѓе. Нето-профитот за 2019 во Бугарија бил 41,25 милион евра.

„Лидл“ во  Србија е присутен од 2018 година и досега има вкупно 41 објект. Во Хрватска работи од 2006 година. Трговскиот синџир оперира во 30-ина земји во Европа, со приближно 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по речиси 10 милиони купувачи.

Scroll to Top