Ликовна изложба на Јулија Поциуте и Владимир Илиевски

Во Изложбениот салон – Империјал 1 при ЈУ КИЦ – Скопје , на 22 јуни во 20.00 ч. ќе се отвори ликовна изложба на Јулија Поциуте од Литванија и Владимир Илиевски. Куратор на изложбата е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски. Изложбата ќе биде отворена до 06.07.2021 г.

Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија.

Таа има завршено ликовна академија во Вилнус (Литванија) во 2007 год. Има организирано повеќе самостојни изложби во Литванија Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија и други земји.

Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.
Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 год. отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.

Илиевски досега има реализиеано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 год. Една од позначајните награди кои ја има добиено е „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 год.

Scroll to Top