Листа на најмоќни и најлоши пасоши

Henley Passport Index“ (HPI) ја објави листата на најмоќни и најлоши пасоши ширум светот.

На првото место се наоѓа германскиот, а лицата кои го поседуваат можат да патуваат во дури 177 држави без виза.

На второ место се наоѓа сингапурскиот пасош, а оние кои го поседуваат можат непречено да патуваат во 176 земји без виза.

Третото место го делат дури осум држави – Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

На четвртото место се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Швајцарија и Шпанија, чии државјани без визи можат да патуваат во 174 земји.

Хрватскиот пасош е најслаб од сите земји членки на ЕУ, според бројот на земји каде што сопствениците можат да патуваат без виза – според HPI, со хрватски пасош може да се посетат 155 земји без виза.
На дното на листата на HPI се Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан, чии државјани можат да патуваат само во 30 земји без да извадат виза.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 11. место, со 167 земји кои нејзините државјани можат да ги посетат без виза.

Хрватска е на 21. место, Србија на 41., Црна Гора на 48., Албанија на 52.,  а Косово на 96. место на листата.

Македонскиот пасош на оваа листа го зазема 46. место во светот и може без виза да патува во 112 земји.

 

Scroll to Top