Логотипови во добата на коронавиусот кои совршено ја одржуваат сегашната атмосфера

Словенскиот креативен директор Јуре Торвљан ги прекроил познатите логотипови како би ја претставиле тешкотијата на социјалното дистанцирање со кое денес се соочуваме.

Торвљан овој проект го започнал пред околу недела дена, кога неговите друштвени мрежи биле преплавени со евтини мимови околу пандемијата со коронавирусот.

„Сè започна кога го гледав логото на Старбакс. Се прашував како би изгледала оваа култна сирена кога би имала маска.“

Откако сфатил каква визија има, тој се одлучил да продолжи да работи на овој концепт.

„Најпрво сакав да ги променам најпознатите логотипови, како што се Најки, Епл и Кока-кока, но потоа сфатив дека тоа нема да бидете така лесно. Сфатив дека некои дизајни имаат потенцијал за таква трансформација, а некои не. Па, се фрлив од потрага во потрага.“

Јуре навистина очекувал дека оваа серија ќе им се допадне на многу луѓе, но никогаш не е очекувал дека ќе стане така популарна.

„Количината на позитивни информации која ја добив е фантастична.“

Всушност, брендовите и самите го контактирале со молба да ги прекрои и нивните логотипови, вклучувајќи ги некои од оние кои се најдоа на оваа листа.

„Приметувам дека некои огромни светски брендови како МекДоналдс тргнаа по истиот пат. Навистина сум почестен што сум инспирација на некои од најголемите играчи од оваа индустрија.“

Коронавирусот влијаеше и на самиот Јуре.

„Секако, бев во шок кога епидемијата започна, но некако успеав да се прилагодам на овој нов начин на живот. Работам од дома, излегуваш што е можно помалку, но бидејќи имам две едногодишни момчиња дома, фантастично се забавуваме. Друштвената свест во Словенија е на многу високо ниво и се надевам дека сè ќе се врати во нормала што поскоро. Меѓутоа, верувам дека сепак ќе мора да помине некое време.“

Пиво Корона

Олимписките игри, со сигурна оддалеченост

Линкедин

Најки

Старбакс

НБА

МастерКард

УС Опен (тенис)

Продавниците Таргет

Авиокомпанија Јунајтед ерлајнс

Мобил

Scroll to Top