Луѓето кои преку тетоважите создале идентитет, си го видоа лицето од друг агол

By
Криминалците, робијашите, и членовите на банди воглавно делуваат застрашувачки, отколку што навистина се, поради нивните силни тетоважи кои го прекриваат нивното тело. Но, кога маските ќе паднат, тие можат да бидат сосема обични и емотивни луѓе.

dobivaj vesti na viber

Оваа нивна „друга страна“, токму укажува на проектот „Длабоко во кожата (Skin deep) познато преку фотографот Стивен Бартон, на кого инницијалната идеја била да го истражи влијанието и ефектите од тетоважната на животот на луѓето.

Особено се сконцентрирал на луѓето на кои тетоважите им е работа на идентитетот, како што се „тату“ мајсторите, или воглавно членовите на банди. Тој фотографирал и поедини луѓе со криминално минато, а потоа со фотошоп „им ги отстранил“ сите тетоважи, а нивните реакции биле неверојатно.

 

„Ова е тотално лудо“, „Делувам многу помладо“, „Со години ваков не сум се видел себе си, дури не личам на себе“, „Би сакал повторно да бидам ова момче без тетоважи“, се само некои од коментарите.

На прашањето дали би сакал повеќе да нема тетоважи, еден од нив одговори:

„Да, дефинитивно. Така можам да бидам многу попривлечен, првенствено од страна на работодавците, и луѓето со кои ќе се сретнам, а кои имаат многу предрасуди поради мојот изглед.

Друг рекол:

„На оваа слика точно се гледа низ што се во животот сум минал, секоја тетоважа значи одреден дел од мојот живот, во банда или затвор, а на ова изгледам како сосема нормален човек, обичен минувач“.

 

Попатно откријакако ги следат минувачите покрај улица:

„Кога ќе влезам во автобус, луѓето се тргаат настрана и никој не сака да седне до мене. Една госпоѓа дури и ја тргна својата ташна од мене, а јас само се враќав од работа како секој нормален човек. Но, очигледно не сум нормален, затоа што луѓето се плашат како да сум заразен и мислат дека сум насилен“, вели еден од нив.

 

Неговото истражување било двонасочно, затоа што не само што дознавме какво мислење имаат за себе луѓето со тетоважи, туку низ нивните одговори дознавме со какви се предрасуди и социјален свет се сретнуваат секој ден, само поради својот изглед.

Многу од учесниците на проектот веќе се подложни на третман на отстранување на тетоважите, а повеќето од нив, засекогаш сакаат да раскрстат со животот во бандите.

 

Ќе ви се допадне