Луѓето не се сигурни дали се ова змии или крофни

Луѓето во коментарите на Твитер се расправаа што всушност се наоѓа на оваа слика.Една фотка успеа за многу кратко време да ги подели мислењата на корисниците на социјалните мрежи. Луѓето никако не можат да се договорат дали на сликата се наоѓаат вкусни крофни или змии.

Овој пост доби повеќе од 39.000 лајкови, 14.000 ретвитови и 1200 коментари, во кои луѓето се расправаат што оваа слика всушност покажува.

На прв поглед се чини дека на сликата се наоѓаат вкусни крофни, но ако поблиску се погледне ќе сватите дека во прашање се украсени змии.

Според Твитер овие змии се од семејството на питони, што значи дека се многу отровни и опасни за луѓето.

Напишете во коментарите, што вие гледате на сликата – крофни или змии.

Scroll to Top