Мајката на Ел Чапо побарала синот да биде испорачан во Мексико

Мајката на светски познатиот наркошеф Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, побарала помош од владата на САД и претседателот на Мексико за повторно да го види својот син.

Деведесетгодишната Консуело Лоера изразила надеж дека нејзиниот син ќе биде вратен во неговата татковина и дека казната ќе ја отслужи во мексикански затвор. Лоера вели дека  е оптимист и верува дека ќе може да го посети својот син во американскиот затвор.

Ел Чапо минатиот вторник беше прогласен за виновен по сите 10 точки на обвинение, а неговото судење, кое се случуваше во Бруклин, траеше три месеци.

„Се разбира дека ми недостига и многу сакам да го видам. Барам да ми дозволат да го видам и да го преместат во Мексико“, изјавила Лоера.

Таа се радува што ќе има можност да се запознае со новиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, за да може да разговараат за можностите, за нејзиниот син биде испорачан во Мексико. Поранешниот лидер на картелот на „Синалоа“ два пати избегал од мексиканскиот затвор, а во САД ќе биде испорачен во 2017 година.

Мексиканскиот претседател ја посетил Ла Туна, старото живеалиште на Ел Чапо и се сретнал со мештаните кои побарале од него да бидат оставени на мира и конечно да можат да го продолжат да го живеат својот живот на мир.

Лоера е уште еден од членовите на семејството која јавно поднела петиција до американскиот правосуден систем, па дури и претседателот Доналд Трамп за да може да го посети Ел Чапо. Покрај неа барање за посета испратила и неговата ќерка Роса Исела Гузман.

Исто така желба да се видат со нивниот татко имале и седумгодишните ќерки близначки, кои Ел Чапо ги има со својата сопруга Ема Коронел. Мајката на Ел Чапо додава дека ќе ѝ биде потребна придружба за време на посетата на синот.

„Ќе треба некој да дојде со мене, затоа што јас веќе не можам да се движам. Ќе ми треба помош, некоја личност од доверба. Некој член од семејството кој ќе дојде со мене“, изјавила Коронел.

„Тој ни порача дека е добар. Се надевам дека ќе биде желен и ќе побара од Господ да му помогне да излезе од затвор“, изјавила мајката на Ел Чапо.

Во судскиот процес против Ел Чапо, обвинителите истакнале дека тој заработил 14 милијарди долари од трговијата со дрога и дека е одговорен за 33 убиства и трговија на повеќе од 220 тони кокаин. Дрогата ја испратил во САД, Европа и останатите делови од светот.

Изрекувањето на пресудата ќе се случи на 25 јуни, а голем број  луѓе веруваат дека Ел Чапо ќе биде осуден на доживотна робија.

Scroll to Top