Мајки организираат забави за првата менструација на ќерките: нов тренд во Србија

Нов тренд кај мајките од Србија е да ја прославуваат првата менструација на своите ќерки. Овој тренд почна пред три години во САД со името Period party, а сега пристигна и до Србија, во Нови Сад.

„Дали организираше забава за ќерка ти по повод првата менструација?“ „Не знам што да подарам, освен влошки“, коментираат жени од Нови Сад во група на „Фејсбук“ наменета за тоа, пренесуваат српските медиуми.

На овие забави има колачи во форма на тампони, матка, влошки, потоа торти украсени со прелив од јагоди, кои алудираат на крв…

Весникот Irish Mirror наведува дека таква бизарна забава првпат е направена во 2017 година кога дванаесетгодишната Брук Ли споделила слики на социјалните мрежи од мегазабавата што ѝ ја подготвила мајка ѝ по повод првата менструација.

По Американците, мајките во Велика Британија почнаа нов тренд, кој има цел да им покаже на девојчињата дека промената што ја доживуваат не е страшна.

Многу девојки се исплашени и загрижени, а некои се срамат поради менструацијата, па нивните мајки излегоа со идеја како да го направат тоа поинтересно и да не е толку застрашувачко искуство – велат поборниците на ваквите забави.

 

Scroll to Top