Македонец отворил хотел за секс во Индија

Македонецот Благој Аризанов (29) дошол на идеја да отвори синџир хотели во Индија во кои невенчаните двојки би можеле да доаѓаат на интимно дружење. Сепак, Индија не е земја каде што таквото однесување е прифатливо, па полицијата извршила упади во хотелите кои ги отворила неговата компанија во Мумбаи и уапсила повеќе од 40 невенчани двојки. Сите добиле обвиненија. Студентите биле принудени да ги повикаат родителите и да им признаат што правеле.

Од полицијата велат дека девојките добиле пријави за непристојно однесување во јавноста. За двојките без венчан сертификат во Индија, особено за оние од различни религии, минувањето време во хотелски соби знае да биде уште табу-тема. Но таму каде што многу Индијци гледаат неморал, други виделе шанса за заработка.

„Ние ви гарантираме, нема тропање на врата, нема чудни погледи, нема прашања“, изјавил струмичанецот Блаже Аризанов за неговиот бизнис.

Речиси три години, тој и неговиот индиски партнер Санчит Сети, се обидувале, а до некаде и успеале да направат верзија на „љубовни хотели“ за краток престој како оние во Јапонија. Нивната компанија „StaiAnkl“ остварила вкупна заработка од три милиони долари.

Со работа започнале во 2015 година, продавајќи полудневен престој наменет за деловни луѓе што сакаат да се одморат или да се освежат. Но продажбата одела бавно.

– Тоа не е проблем поради кој на луѓето им треба помош. Мораше да сфатиме дека кај нас доаѓаат затоа што не можат да резервираат во хотели каде што работат локални луѓе. Тоа беше трагична работа, можеби и можност што ја баравме сето ова време, изјавил за српски Курир

Scroll to Top