Македонија без ниту еден милијардер на мапата

Интернет-порталот „Јакуб Маријан“ објавил мапа на која е прикажано колку милијардери живеат во Европа врз основа на државјанствата. Најмногу милијардери, 123, живеат во Германија, а во другите земји живеат далеку помалку. Во Македонија нема ниту еден.

Во Русија живеат дури 101 милијардер со руски државјанства, во Франција 40.

Интересно е што во најмалите држави во Европа има барем по еден милијардер, па, така, во Монако живеат 4, а во Лихтенштајн има еден милијардер.

Она што е интересно, но во исто време и тажно, е тоа што словенската држава нема милијардери. Ниту една поранешна југословенска држава не може да се пофали дека во својата земја има милијардери, пренесува „Јакуб Маријан“.

Украина има седум милијардери, Полска и Чешка по шест, а Словачка еден.

Од друга страна, во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Словенија не живее ниту еден милијардер.

 

 

Scroll to Top