Македонија ќе биде поклопена со прав и песок од Сахара

Температурите значително паднаа и ова утро најсвежо беше во Лазарополе и во Струшко. Во Лазарополе се измерени 9°C, додека во Струга 11°C.

Во најголем дел од државава температурите на воздухот се спуштија до проближно 15°C, додека најтопло беше на југоистокот каде што температурите се спуштија до приближно  20°C.

Под влијание на изразено југозападно и западно воздушно струење, за време на викендот, и тоа особено в недела, ќе имаме нагло и значително покачување на температурите на воздухот па така максимумот на температурите на воздухот в недела ќе се искачат во интервалот од 30 до 38 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот, но и очекуваниот транспорт на прав и на песок од Сахара, температурите на воздухот ќе се чувствуваат повисоки од реално измерените, а и времето ќе биде доста мачно и спарно поради што многу лошо ќе влијае врз граѓаните, особено врз метеопатите.

Токму поради ова во текот на денешниот ден се очекува службите да издадат вонредна биометеоролошка прогноза.

Пад на температурите на воздухот и дастабилизација на времето (враќање на Флоријан) ќе има веќе од самиот почеток на следната недела.

 

Scroll to Top