Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 125 земји во светот, а македонскиот пасош годинава е рангиран на 41. место според својат важност и јачина. Јачината на пасошот се мери според тоа во колку земји може да се патува во светот без виза. Рангирањето го прави Henley Passport Index.
Од регионот, подобро рангиран е српскиот пасош со кој може да се патува во 130 земји. Со хрватски пасош слободно се патува во 169 земји, а со словенечкиот во 180 земји.
Најсилен пасош во светот има Јапонија. Нивните граѓани можат да патуваат без виза во 189 земји.