Македонскиот филм „Северен пол“ номиниран за Златна палма во Кан

Краткиот игран филм „Северен пол“, на режисерката Марија Апчевска, влезе во селекцијата за наградата Златна палма на престојниот 74. Кански фестивал. Ова е првпат краток македонски филм да е во трката за Златна палма.

„Северен пол“ е избран меѓу 10. кандидати за престижната награда, од пријавени 3.739 филмови, објави фестивалот.

Апчевска го снимаше 15-минутниот филм во јануари во Скопје и Македонска Каменица. Таа го напиша сценариото, а во главните улоги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев.

Ова е трет краток фолм на Апчевска, која веќе има освоено награди за филмот „Бардо“ (2012), а го сними и „Амби“ (2017).

Scroll to Top