Британскиот магазин „WhatCar?“ објави интересна листа на мали и достапни автомобили, рангирани врз основа на нивната доверливост.
Редоследот на ваквите списоци, грубо кажано, може да се добие врз основа на два вида истражувања. Првото се заснова врз цврсти докази, како што се, на пример, информации од задолжителните технички тестови или интервенции на службите за помош на пат. Второто е врз основа на информациите добиени директно од возачот. Во првиот случај податоците се неспорни, но не мора да бидат целосни. Додека, пак, во вториот, опсегот на информации е многу поширок.
Читателите на магазинот биле анкетирани околу дефектите што се случиле во нивните автомобили во текот на изминатата година. Она што е уште поважно да се спомене, било неопходно да се одреди цената на поправката и времето потребно за таа да се изврши. Ова резултирало со индекс на доверба изразен во проценти. Колку е поголем процентот, толку подобро.
1. Dacia Sandero (2013-2020) – индекс на доверливост: 100%
Тоа значи дека ниту еден од анкетираните сопственици на Сандеро не споменал никакви недостатоци на овој модел.
2. Hyundai i10 (2014-2020) – индекс на доверливост: 99,6%
Најчестите пријавени проблеми биле поврзани со системот за управување. Во сите случаи, поправката не вклучувала никакви трошоци и времето потребно за нејзино извршување не било подолго од еден ден.
3. Suzuki Swift (од 2017 година) – индекс на доверливост: 99,3%
И во овој случај сите возила биле под гаранција, па немало трошоци, а најчестиот проблем кои го имале сопствениците била климата. Поправката понекогаш траела и до седум дена.
Подолу, погледнете го редоследот на преостанатите модели на оваа листа:
4. Hyundai i20 (2015-2020) – индекс на доверливост: 99,0%
5. Honda Jazz (2015-2020) – индекс на доверливост: 98,1%
6. Мини хечбек (бензин, од 2014 година) – индекс на доверливост: 96,9%
7. Ford Fiesta (бензин, 2008-2017) – индекс на доверливост: 95,0%
8. Volkswagen Up (од 2012 година) – индекс на доверливост: 94,8%
9. Renault Clio (2013-2019) – индекс на доверливост: 94,3%
10. Kia Rio (бензин, од 2017 година) – индекс на доверливост: 94,0%
11. Kia Picanto (од 2017 година) – индекс на доверливост: 93,9%
12. Audi A1 (бензин, од 2018 година) – индекс на доверливост: 92,2%
13. Škoda Fabia (2015-2021) – индекс на доверливост: 91,7%
14. Opel Corsa (2014-2019) – индекс на доверливост: 90,6%
15. Seat Ibiza (од 2017 година) – индекс на доверливост: 90,5%
16. Volkswagen Polo (од 2018 година) – индекс на доверливост: 80,6%
17. Ford Fiesta (од 2017 година) – индекс на доверливост: 74,9%
Изненадувачки, еден од најомилените автомобили во Велика Британија заврши на дното на листата.
Во случајот со Фиестата, значителен број на сопственици пријавиле проблем со неа. Тие обично се однесувале на суспензијата, батеријата, моторот, воланот и системот за издувни гасови.