Малума ќе одржи концерт во Загреб

Еден од најпопуларните латино музичари во моментов, Малума, на 24 февруари 2022 година ќе одржи концерт во Арена во Загреб. Концертот е дел од неговата европска турнеја и промоцијата на последниот албум Papi Juancho.

Малума има снимено четири албуми, продадени во преку 18 милиони примероци со што е еден од најпродаваните латиноамерикански музичари. Во кариерата има дуети со Шакира, Мадона, Џеј Ло и Рики Мартин.

Билетите за хрватскиот концерт ќе бидат пуштени во продажба од 29 ноември, а Загреб е еден од првите градови каде што ќе настапи. На турнејата ќе има концерти и во Виена, Париз, Цирих и уште неколку други градови.

Scroll to Top