Манескин победи со плагијат на Евровизија- нови проблеми со италијанскиот бенд

Италијанскиот бенд „Манескин“ повторно е во центарот на вниманието. Откако пред неполн месец ја освоија „Евровизија“ со песната „Зити е Буони“, се појавија обвинувања дека песната можеби е плагијат, пренесуваат италијанските медиуми.

Јорис Лиснс, член на рок-групата „The Vendettas“, во изјава за холандската РТЛ изјави дека победничката песна „Зити е Буони“, која победи прво на „Сан Ремо“, а потоа и во Ротердам, потсетува на делови од неговиот хит “You want it, you’ve got it”.

„Овие млади луѓе сè уште не беа родени кога го имавме нашиот рок-бенд“, вели Лиснс, додавајќи дека не е целосно сигурен дали некои делови од нивната нумера се украдени, како и дека неговата музичка група нема да преземе никакви законски мерки против италијанските пејачи.

Scroll to Top