Марк Цукенберг: Во светот не треба да постојат милијардери

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, во едно негово неодамнешно излагање кажа дека во светот не треба да постојат милијардери. Цукенберг ваквата изјава ја даде на прашањето на еден од присутните во публиката за данокот на капитални добивки кој го има предложено потенцијалниот претседателски американски кандидат на демократите 78-годишниот Берни Сандерс.

„Не знам дали треба да има точен праг на сума на пари што некој треба да ја има. Но, јас мислам дека како што стојат сега работите, постојат луѓе во светот кои имаат толку многу пари кои не ги заслужуваат. Сметам дека доволна награда за секој поединец треба да биде тоа што прави добро дело“, кажал  Цукенберг пред присутните.

Богатството на основачот на „Фејсбук“ се проценува на околу 69,8 милијарди долари.

 

Scroll to Top