Марк Цукерберг е тежок сто милијарди долари, заедно со Бил Гејтс и Џеф Безос се најбогатите во светот

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, на своето конто има сто милијарди долари и на тој начин им се приклучи на Џеф Безос и Бил Гејтс на листата со најбогати личности на светот.

Цукерберг, за да дојде до стотата милијарда, доби помош од актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави забрана на кинеската апликација „Тик ток“, со што акциите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ скокнаа нагло.

За да ги стигне Безос и Гејтс, Цукерберг ќе мора да се потруди уште малку, пишуваат американските медиуми. Безос, според светскиот економски магазин „Форбс“, вреди 190 милијарди долари, а Гејтс има 112 милијарди долари.

Освен овие тројца, никој на планетава не тежи повеќе од 100 милијарди долари, пишува „Форбс“. Најблиску до нив е Индиецот Мукеш Амбани, кој на својата сметка има 80 милијарди долари.

Американските медиуми пишуваат и на што најмногу Цукерберг сака да ги троши своите пари. Марк сака приватни имоти. Има многу затоа што сака да ја заштити својата приватност. Освен тоа, многу троши и на пиар-тимот, како и на осигурување.

Сака да ја истакне и својата хуманитарна страна, па редовно донира пари на разни организации. За истражување на коронавирусот, тој донира 50 милиони долари и заедно соработува со својот колега Гејтс во изнаоѓањето на соодветна вакцина против коронавирусот.

Се проценува дека досега Цукерберг донирал речиси две милијарди долари на разни организации. Како што стануваше сè побогат, тој одлучил да ги награди и своите работници во „Фејсбук“. Им одобри на сите што сакаат да работат од дома тоа и да го направат.

Исто така, им дал и дополнителни бонови од 1.000 долари, со кои може да си ја набават потребната опрема за домашната работа. Тоа не му претставуваше никаков проблем оваа година затаа што неговата компанија заработи 20 милијарди долари.

Овие денови основачот на „Фејсбук“ не е најпопуларниот лик во САД. Неодамна тој со шефовите на „Гугл“ и „Амазон“ се појави пред Сенатот, а пошироката јавност не беше воодушеена со неговото излагање.

Му забележуваат дека тој ги краде податоците на корисниците на „Фејсбук“ и дека безбедноста на оваа интернет-платформа не е на доволно високо ниво.

Scroll to Top