If this is Conor McGregor, he might be in big truble with the wrong people. pic.twitter.com/YRHCP1QXS4
— MMA News (@BestMMAnews) 28 November 2017
Мекгрегор наводно бил пијан и го удрил во глава човекот од 50 години, кој бил татко на помладото момче, инаку водач на мафијата во Даблин, на која ѝ се припишуваат неколку убиства кои ги извршиле, како што велат некои, дури и сред бел ден. Но, проблемот е во тоа што тие криминалци се опасни дилери на дрога и не простуваат лесно вакви напади.
Како што пренесуваат медиумите, криминалците бараат 900.000 фунти од Мекгрегор за да го заборават ова понижување или ќе биде избоден.
Conor McGregor lamping the head of gangsters in a bar in Dublin then the Kinahans coming out asking for £900k or they’ll stiff him… this story could only be made better if they upped their offer and went full Dr Evil and asked for: pic.twitter.com/vhy1RYdURr
— Dan Murphy (@katmereMUFC) 28 November 2017
Кога го слушнал тоа, ММА борецот побегнал од земјата веднаш следното утро. Но, ова не е шега, ќе мора да плати или мафијата ќе му ја нападне фамилијата. Засега ова се само трачеви на социјалните мрежи, но наредните денови ќе се знае колку се точни овие информации.
Конор во последната фотографија на „Инстаграм“ покажа дека ќе мора да се крие: