Мекгрегор нападнал тројца мафијаши во паб

ММА борецот Конор Мекгрегор во неделата вечерта нападнал три опасни криминалци во Даблин.Според описот на очевидците, кои преку „Твитер“ го пренесоа целиот настан, еден бил на возраст од 50 години, за другиот сметаат дека било помладо момче, додека на третиот не успеале успешно да ги проценат годините на возраст.

Мекгрегор наводно бил пијан и го удрил во глава човекот од 50 години, кој бил татко на помладото момче, инаку водач на мафијата во Даблин, на која ѝ се припишуваат неколку убиства кои ги извршиле, како што велат некои, дури и сред бел ден. Но, проблемот е во тоа што тие криминалци се опасни дилери на дрога и не простуваат лесно вакви напади.

Како што пренесуваат медиумите, криминалците бараат 900.000 фунти од Мекгрегор за да го заборават ова понижување или ќе биде избоден.

Кога го слушнал тоа, ММА борецот побегнал од земјата веднаш следното утро. Но, ова не е шега, ќе мора да плати или мафијата ќе му ја нападне фамилијата. Засега ова се само трачеви на социјалните мрежи, но наредните денови ќе се знае колку се точни овие информации.

Конор во последната фотографија на „Инстаграм“ покажа дека ќе мора да се крие:

The celebrity

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Scroll to Top