„Мерцедесот S63 4 MATIC“, вреден 147 000 евра, три дена лежел на дното на морето кај островот Угљан во Хрватска, пред да биде конечно извлечен во петокот.
Сопственик бил германски турист, член на автоклуб во Германија, кој имал желба да го слика возилото покрај морето. Но, како што пренесуваат тамошните сведоци, во последен момент, наместо да ја стисне сопирачката, тој нагазил на педалата на гас, по што со „мерцедесот“ завршил во морето.
„За среќа, новиот тип ‘мерцеде’с има безбедносен систем, па во случај на пожар или поплави, автоматски се спуштаат стаклата. Единствената трагедија е што маслото и горивото завршија во морето“, вели сопственикот на возилото.
Поради немирните води, „мерцедесот“ завршил на 40 километри од местото каде што првично паднал. Пред да дојдат службите за извлекување, неколкумина кои се нашле на местото на настанот се обиделе да го извлечат од водата, но безуспешно.
Откако пристигнале службите, им требало половина час за да го извлечат „мерцедесот“, кој завршил четири метри под вода. Откако го извлекле на суво, морале да почекаат водата да се излие од него.