Месечен хороскоп: Скорпиите привлекуваат внимание, Вагите силно мотивирани за успех

Лавовите во декември ги чекаат професионални промени, Биковите ќе имаат судбински средби, Девиците ги решаваат проблемите во љубовниот живот…

Прочитајте што сè ќе ви се случува во текот на овој месец, според хороскопот:

Овен

Овните во декември го подобруваат својот општествен статус, имиџот и репутацијата. Ова добро ќе се одрази на вашата кариера. Можни се мали конфликти со авторитетите, но тоа ќе биде краткотрајно и навистина минливо. Ќе имате мирни и пријатни моменти со саканата личност. Слободните Овни добро ќе се забавуваат, а за љубов ја чекаат личноста која е доволно зрела и одговорна, но и вредна за врска. Заморот ве мачи, но вие не се предавате. Можни се почести главоболки.

Бик

Биковите ги чека поволен период на професионално поле, но без некои значајни промени. Важно ви е да знаете дека важиот потенцијал и ангажман се добро ценети. Можна понуда која ќе го промени вашиот животен тек. Бидете внимателни со емоционалното партнерство, бидејќи трпението не ви е најсилно овој период. Ако сте во врска, избегнувајте караници и провокации, бидејќи саканата личност може бурно да реагира. Здравјето е генерално добро, треба да се чувате од повреди.

Близнаци

Сè што сте намислиле, во текот на овој месец лесно ќе го остварите. Но, потребно е да поработите на своите комуникациски вештини и односите со луѓето. Научете да правите компромиси. Ако сте во врска, време е да ги решите проблемите за кои и двајцата долго време молчите. Ако сте слободни, очекувајте квалитетен месец исполнет со дружења и со внимание од една конкретна личност, која покажува интерес за вас. Чувајте го здравјето на уринарниот и репродуктивниот систем.

Рак

Лесно губите трпение поради односите со професионалните соработници, но воопшто не го покажувате тоа. Декември ќе ве наполни со оптимизам и сила за нови постигнувања. Ако сте во врска, кај двајцата ќе се појави потреба за поголема блискост, можеби заедничко живеење или понуда за брак. Слободните сакаат да се вљубат, а се заинтересирани за личност која не и им е статусно еднаква. Тоа ги кочи, но не можат да одолеат. Нервозите поради таквата ситуација може да резултираат со дигестивни проблеми.

Лав

Во текот на декември, Лавовите ќе имаат многу прилики за соработка со фирми од странство, а можни се и понуди за промена на работното место. Финансиите се на задоволително ниво, а вие имате голема желба за шопинг. Ако сте во врска, можна е краткотрајна стагнација, поради професионалните ангажмани. Ако сте слободни, време е да ги спуштите критериумите и ѕидовите и да дозволите пристап до вас, колку и во моментот да не ви е во тоа. Можен е подолготраен пад на имунитетот, па мора да се чувате и да внимавате на себе.

Девица

Дојде поволен момент за да ги разрешите сите недоразбирања и конфликти кои изминатиот период се појавија на вашето работно место. Посветени сте на нови проекти, а сакате и да ја промените работата. Ако сте во врска, ќе уживате еуфорично со партнерот и ќе правите многу заеднички планови. Ако сте слободни, не одбивајте го додворувањето од една повозрасна личност. Што се однесува на здравјето, обрнете повеќе внимание на репродуктивниот систем и секако, во сообраќајот бидете многу внимателни и не возете пребрзо.

Вага

Мотивирани сте како никогаш досега, а тоа нема да го наруши ниту еден голем непредвиден трошок. Добрите аспекти на планетите ќе придонесат за уште повеќе да заработите. Декември е и одличен месец за љубовта, иако Вагите копнеат и за поголеми дози на слобода. Слободните Ваги ќе запознаат личност со која ќе се спријателат, а тој однос подоцна може да прерасне во нешто повеќе. Внимавајте на здравјето на косата, ноктите и забите. Посетете стоматолог за редовна контрола.

Скорпија

Во следниве четири недели сериозно ќе се фокусирате на зацртаните цели од почетокот на оваа година. Секако, ако се форсирате, сето тоа ќе пропадне во вода, а вие ќе бидете целосно исцрпени. Ако сте во врска, почетокот на месецот ќе ви донесе поголеми конфликти. Слободните Скорпии успеваат да привлечат внимание каде и да се појават, а тоа им носи многу потенцијално заинтересирани личности за нив. Не се изложувајте на големи физички напори. Можно е да имате проблем со покачен притисок.

Стрелец

Почетокот на месецот ќе ве спушти на земја, бидејќи предолго време живеевте во некои свои фантазии. Од средината на декември ќе имате можност за покачување на приходите, а тоа ќе придонесе и повеќе да трошите. Партнерот е фокусиран на работата, а тоа кај вас буди незадоволство и фрустрација. Слободните Стрелци мечтаат за страствена емоционална врска, која ќе биде обвиена со тајност и мистерија. Намалете го внесот на шеќерот, бидејќи може погубно да влијае врз вашето и онака нежно здравје.

Јарец

Подобрувањето на финансиската состојба во текот на овој месец ќе се одвива сосема природно, а исто и на животните планови. Можна понуда за работа на подобро работно место. Целиот овој месец ќе зрачите со неверојатна харизма и привлечност, без разлика дали сте сингл или во врска. Можно е да почнете да се гледате со личност која е многу слична на вас. Внимавајте на исхраната, контролирајте ја крвната слика и одмарајте се, не дозволувајте хроничниот замор да ве совлада.

Водолија

По подолг период конечно ќе имате релаксирање. Немате трпение и толеранција за оние кои ве саботираат во работата. Од друга страна, најпаметно е кога самите си ја „гледате“ работата и не обрнувате внимание на ништо. Декември ќе биде доста динамичен период на љубовно поле, а вие ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Ако сте во врска, тоа ќе го иритира партнерот, а ако сте слободни, може да резултира со нвоа врска. Чувајте се од физички повреди.

Риби

Пред вас е период во кој можете да се посветите на остварување на своите цели и да успеете во тоа. Кариерата ќе биде во вашиот фокус во текот на целиот месец. Ако сте во врска, ви следи време на неверојатна блискост и хармонија со партнерот. Слободните Риби ќе имаат ретка можност да започнат врска со личност која до пред некое време им била пријател. На поле на здравјето сè е стабилно. Немојте да ги оптоварувате зглобовите.

Извор/Ипортал.мк

Scroll to Top