Место смртоносна инјекција, побарал да биде погубен на електричен стол

Американски осуденик на смрт, кој се изјаснил дека сака смртната казна да биде извршена на електричен стол, а не со смртоносна инјекција, е погубен синоќа во Тенеси.

Смртта на Едмунд Загорски (63) е прогласена во 7:26 часот по локално време во затворот Нешвил, соопштија локалните власти. Загорски верувал дека смртта на електричен стол ќе биде брза.

Електричниот стол е дозволен во девет американски сојузни држави, не е употребен од 2013 година во САД. Загорски е осуден на смрт во 1984 година поради убиство на двајца мажи.

Осуденикот по 34 години во затвор требало во октомври да биде погубен со смртоносна инјекција, но побарал тоа да биде сторено со електричен стол.

Scroll to Top