Во Велика Британија е уапсен брачна двојка која со години држела роб во шупа на својот имот. На својот имот вреден 1.200.000 фунти двојката заробила Полјак кого го присилувала да работи за храна.
„Дејли мејл“ јавува дека се работи за универзитетска професорка и нејзин сопруг. Полјакот тврди дека единствено што му дале се пластични лежалки за спиење и бајата храна.
Полјакот тврди дека во бараката каде што бил затворен немал ниту тоалет. По четири години, неговата здравствена состојба се влошила и морал да биде пренесен во болница.
BBC News – Two held over ‘slave’ in Southampton garden shed https://t.co/NAmAM6YeqT
— Harsha Trivedi (@harshtri25) October 30, 2018
Тогаш работите почнале да излегуваат на виделина. Полицаецот Тони Бајрн изјавил дека условите во кои бил држен Полјакот биле застрашувачки.
„Човекот немал греење ниту услови за нормално да спие. Условите во кои живеел се понижувачки за секое човечко суштество“, изјавил тој.