Министерка на велосипед сама отишла да се породува

Министерката за женски прашања на Нов Зеланд, Џули Гентер, со велосипед стигнала до јавната градска болница во Окланд за да се породи. По породувањето, на новинарите им раскажала дека почувствувала породилни болки, но кога сфатила дека не може удобно да се смести во автомобилот, седнала на велосипедот и самата се возела до болницата.

Министерката има 38 години и ова ѝ е прво бебе. Таа пред породувањето објавила неколку фотографии на „Инстаграм“ на кои е заедно со својот партнер, ама и додека била на пат кон болницата со велосипедот.

Scroll to Top