Веселото друштво се собра на аеродромот пред летот за Ибица, каде во еден хотел требаше да се одржи свадбеното славје во траење од четири дена. Но, открија дека невестата, која ја превзела на себе грижата, околу организацијата, не резервирала карти за авион, но ни сместувањето за гостите, иако сите и давале пари.
Англискиот младоженедц Крис Махон (27) и неговите 29 пријатели ја доживеаја сцената од филмот „Побегнатата невеста“, кога на аеродромот откриле дека идната невеста Ракел Доран (29) ги измамиле и побегнала со 13.000 фунти (14.000 евра) наменети за свадбената веселба.
Се чини дека Ракел тоа го направи за да му се одмазди на Крис затоа што мислела дека ја изневерил.
„Некои од нас заработуваат само 220 евра неделно и ги собиравме парите за венчавката на Крис уште од март. Ова е невидено“, изјавија некои од гостите, а Крис им се извини.
Ракел имака се испланирано, па на гостите им дала лажни авионски карти со лого од локалната туристичка компанија.