Млад пејач од Јужна Кореја пронајден мртов

Поранешен член на еден од најпопуларните бендови во Јужна Кореја „Шајни“, почина на 28-годишна возраст.

Младиот Јонгхун, чие целосно име му е Ким Јонг Хум, пејачот од најпознатиот машки состав во Јужна Кореја, е пронајден во стан во Сеул, во престолнината на Јужна Кореја.

Како што пренесуваат странските медиуми, телото на Јонгхуан го пронашла неговата сестра, која повикала полиција и Итна помош, по што било соопштено дека пејачот починал.

Од полицијата соопштија за Би-би-си дека е можно да станува збор за самоубиство и дека целиот сомнеж ќе биде истражен.

Покрај тоа што бил фронтмен на бендот „Шајни“, бил и одличен пејач,  имал голема улога во пишување на текстовите и продукцијата на песните за бендот сè до 2015 година кога почнал соло кариера.

 

Scroll to Top