Млади македонски научници добија награда од НАСА за илустрација на истражување на вселенската сонда Луси

By

Македонскиот тим „Девилиш“ викендов доби награда од американската вселенска агенција НАСА, за нивното учество на натпреварот NASA Space Apps Challenge. Tие добија награда за илустрација на истражувањето кое го направија на тема Уметнички осветлени астероиди (Artfully Illuminated Asteroids) .

Станува збор за неколку млади учесници од Македонија, кои имаа 48 часа да ја прикажат истражувачката мисија на американската сонда со име Луси со која се истражуваат астероидите.

Тие успеаја да се пласираат во конкуренција со други натпросечно талентирани млади луѓе во светот и добија пофалби од судиите за нивната презентација.

Мартина Димоска во организацијата настапи со уште неколкумина Македонци кои тесно соработуваа со aмериканскиот тим.

„Нашиот тим одлучи најнапред  да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда Lucy и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, рече 22-годишниот Ивица Бузлевски од Ресен, кој беше дел од тимот.

„Потоа се одлучивме дека ќе изработиме 3D-модели со помош на кои ќе изработиме 3D-анимација во која ќе ги прикажеме најважните моменти од истражувачката мисија на Lucy, како и да изработиме тематска песна која би ја искористиле во финалното видео. Дизајнерите на нашиот тим работеа во три различни софтверски програми, се соочивме со големи проблеми на некомпатибилност на 3D-моделите при составувањето на финалниот проект. И покрај тоа успеавме да се справиме со ситуацијата и да го завршиме проектот на време“, рече Бузлевски.

Музиката во видеото ја изработи Драган Мојсовски (30) од Скопје, магистер по право, кој освен за музиката учествувал и во истражувањето на тимот.

За 3D-моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките бил  задолжен  Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија, механика и наука.

Создавањето на ракетата  Атлас v 401 и сателитот Луси го направи Жарко Ванески, студент по машинско инженерство од Скопје.

Овој настан се организира секоја година од страна на НАСА, но поради пандемијата тој веќе втора година по ред се одвиваше онлајн.

Тимовите не знаат која е задачата сè до објавувањето на почетокот на настанот. Потоа се оценува  нивната умешност да соработуваат во тимот и со менторите, нивната креативност и критичкото размислување.

 

Ќе ви се допадне

watch subbed anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch subbed anime 4Anime WONDER EGG PRIORITY

4Anime Komi Can’t Communicate

anime website The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

4Anime Dragon Ball Super (Dub)

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO Episode 11