Голем број земји се подготвени да одат до крај во своите цели, за да ја освојат ледената територија Антарктикот. Сепак археолошките пронајдоци се тие кои ќе влијаат на иднината на овој континент, чиј договор за поседништво со кој се одржува рамнотежата и мирот, се очекува да биде ревидиран за 30 години.
Во 1985 година, на Шетландските острови пронајден е череп на млада жена од јужно Чиле, за која се претпоставува дека починала во периодот меѓу 1819 и 1825 година, како членка на групата ловци на фоки.
Glorious sunshine and setting for remembrance. #RemembranceDay2018 #ElephantIsland #Antarctic pic.twitter.com/rzONyDDZrq
— Kat (@Drkat_fish) November 11, 2018
Тоа се најстарите човечки остатоци некогаш пронајдени на Антарктикот. Ова откритие е многу важно и тоа не само од археолошки причини. За 30 години овој череп може да одигра важна улога во територијалните спорови. Некои држави понекогаш тивко, а понекогаш и не толку тивко, се подготвуваат на полагање на правото на територија.
„Антарктикот има и темна страна“, изјавил Клаус Додс, професор по геополитички науки на Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.
„Она што го гледаме сега се политичките игри на големи моќници кои се одигруваат на територијата која во поголем дел се смета за смрзната пустина“, вели Клаус.
Договорот за Антарктикот е направен во 1959 година и во него стои дека Антарктикот е природен резерват, посветен на мирот и науката. Договорот забранува секакви активности поврзани со ископување на минералните резерви, освен ако тоа не е во интерес на науката.
Во 2048 година, тој договор би можел да дојде на ред за ревизија со која забраната за ископување на минерални залихи би можела да се укине. Научниците сметаат дека тоа би можело да се случи многу лесно.
„2048-та година ни виси над глава, затоа што некои земји сметаат дека забраната за искористување на минерални ресурси повеќе не би требало да се имплементира и луѓето се грижат дека се би можело да се распадне“, вели Клаус.
In 30 years’ time, bones may come into play in territorial claims for this pristine wilderness@BBC_Culture https://t.co/wfT4nAkuxe
— BBC Earth (@BBCEarth) November 4, 2018
Седум нации полагаат право на територијата на Антарктикот. Аргентина, Австралија, Чиле, Франција, Нов Зеланд, Норвешка и Обединетото Кралство. Договорот службено ги има паузирано нивните барања за проширување на Антарктикот, но многу нации, особено Кина и Русија, размислуваат далеку однапред и планираат што ќе прават по 2048 година.
Поради тоа многу други држави покажуваат интерес кон Антарктикот и се обидуваат да ја завземат територијата. Не преку воена сила, туку преку вложување и истражување или изградба на научни бази низ целиот континент.
„Археологијата е една од најважните активности“, вели Мајкл Пирсон, поранешниот директор на Комисијата за австралиска градина.
„Таа создава интерес, или право на територија, во идните расправи околу поделбата на територијата“, вели тој.
Иако археолошкиот пронајдок на черепот на младата Чилеанка, на плажата Јаман, нема никаква правна тежина, затоа што таа најверојатно била ловек, а не некоја официјална личност.
Во случајот ако Чиле успее да докаже дека прв имал луѓе кои живееле на Антарктикот, би можел да има поповолна положба во преговорите околу територијата.
Позитивните страна на овие национални интереси е тоа што, истите можат да доведат до археолошки откритија кои можеби никогаш не би биле откриени.
„Националистичките амбиции на поедини земји можат многу да ни помогнат. Да не финансираат, логистички да ни помогнат, за да спроведеме археолошки истражувања, што во друг случај не би ги направиле“, вели Пирсон.