МНТ ги кани медицинските лица што лекуваат болни од корона на бесплатна претстава

Македонскиот народен театар на 14 октомври ќе ја почне новата сезона по паузата од осум месеци поради корона-кризата. На првата претстава се поканети медицинските лица.

„ Ги покануваме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, ГОБ ‘8 Септември’, Детската болница – Козле, епидемиолозите и матичните лекари. Оставете ги белите мантили и уживајте во актерската игра“, велат од МНТ.

„Говорна мана“, по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова, е првата претстава што ќе се изведе на 14 октомври во 20 часот. Во согласност со протоколите за работа на културните институции во салонот ќе може да седат од 160 до 180 лица.

Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

 

Scroll to Top