Мартин Писториус од Јужна Африка на 12 годишна возраст заболел од непозната болест. Неговата агонија почнала да се одвива во следните 12 години. Тој во 1988 година од обична болка во грлото, останал целосно парализирал. Ја изгубил дури и способноста за говор, пишува „НБЦ њуз“. Момчето паднало во кома.
Мартин не бил свесен за ништо кога паднал во длабока кома. Неговото семејство организирало посебна грижа за него. Од бањањето па се до хранењето со помош на цевки.
По 4 години кога имал 16 години, Мартин изненадувачки се разбудил. Веднаш станал свесен за тоа што се случува во неговата околина. Но, тој и понатаму не можел да се движи, ниту да комуницира со семејството или на кој било начин да им даде до знаење дека е тука. Од тој момент минале уште 8 години затворен во сопственото тело.
Родителите повеќе не можеле да се грижат за него, па го дале во посебен Институт за немоќни лица. Во семејниот документарец на Писториус, и самиот Мартин ја открива својата необична приказна.
„Мразев да бидам во Центарот. Таму се однесуваа ужасно кон мене. Мојот татко откако се вратив во живот, откри што ми правеа и ги пријави. Но, тие тоа го негираа. Нема нешто што не ми правеа. Ме влечеа за коса, ме удираа со метална вилушка по забите за да јадам. Често ми даваа жежок чај, ми удираа шамари. Се однесуваа како да не се луѓе“, вели Мартин.
Освен тоа тој се пожалил и дека бил сексуално злоставуван од една од медицинските сестри. Од се што доживеал додека бил во кома, за него најдобар момент бил кога неговата мајка во еден момент бришејќи го со крпа и набљудувајќи го неговото безживотно тело, на глас изговорила: „Се надевам дека ќе умреш“.
Мартин тоа го запаметил завек. Откако ја вратил можноста да комуницира, тој и раскажал дека ги слушнал нејзините зборови. Иако вели дека тогаш бил тажен поради тоа, денеска целосно ја разбира.
„Најлошо ми беше што не можев да ја прегрнам и да и кажам колку убаво се грижи за мене. Колку сум и благодарен“ низ солзи објаснува Мартин.
По 12 години во кома, некои од вработените кои го негувале, почнале да приметуваат промени во неговото однесување, односно обидот за комунукација. Набрзо ги известиле родителите, па Мартин добил компјутер со чија помош денеска комуницира со луѓето.
The Ghost Boy: The uplifting story ofhow Martin Pistorius survived a mystery paralysis http://t.co/yxexyPr4dt@Femailpic.twitter.com/ZUfvSxPTGq
— Marcel Rivera Paniza (@UtopiasArchitct) January 10, 2015
Успеал да ги унапреди и своите движења низ разни терапии, а преку интернет во 2008 година, ја запознал својата идна сопруга, поради која се преселил во Велика Британија.
За него секоја година по излегувањето од кома носи некаков напредок, па така во 2011 година, успеал да врати дел од контролата над рацете и гласот, по што ја напишал автобиографијата „Детскиот дух“.
Сепак најсреќните вести Мартин и неговата сопруга Џоана ги добиле ова лето, поточно во јули 2018 година. Иако докторите со години му говореле дека никогаш нема да стане родител. Џоана изненадувачки останала трудна. Кога се вратила од одмор во Америка, Џоана се чувствувала лошо и мислела дека се затрула со храна.
„Од некоја причина одлучивме да направиме тест за бременост. Кога резултатите стигнаа не можевме да веруваме. Мислевме дека тестовите се стари. Купивме нови и сите го покажаа истиот резултат. Бевме шокирани и возбудени и не можевме да веруваме дека сме благословени“, вели Писториус.