Авион на руската авиокомпанија „Саратов ерлајнс“, во кој имало 71 лице, се срушил вчера три минути по полетувањето на подрачјето на регионот во Москва, а како што пренесуваат медиумите, мали се шансите некој од патниците да преживеал.
Авионот прво исчезнал од радарот, а потоа е откриено дека се случила страшната несреќа. Сѐ уште не е познато што е причина за трагедијата.
На „Твитер“ се појави страшна снимка од моментот кога авионот исчезнал од радарот.
Последний полет АН-148 рейса 6W703. pic.twitter.com/NRFsYfzExG
— Королевство Алания (@monarh_alania) 11 February 2018