„Морав да убивам“ – шокантна исповед на легендата на Ливерпул

Еден од најтрофејните фудбалери на Ливерпул и икона на „црвените“ кој со клубот ги мина најубавите, но и најтешките моменти во историјата, Брус Гробелар открива шокирачки детали од времето во својата младост.

Брус на голот на Ливерпул мина повеќе од 13 години (1981 – 1994) година и за целото тоа време успеа да освои шест титули на шампион на Англија, една титула на шампион на Европа, три ФА купа и исто толку Лига купови.

Гробелар како голман на Ливерпул просведочил и за катастрофата на Хејсел и Хилсбороу. Сега открива и дека пред да го гледа масовното загинување на трибините, тој просведочил и за бруталната војна во која и самиот тој учествувал и дал допринес за бројот на мртвите.

Драмата на голманот роден во Јужна Африка, почнала во 1978 година кога имал 21 година. Тогаш во Родезија, меѓународно непризнатата африканска држава, со расистичка бела влада, бил регрутиран да работи и служи воен рок. Наместо во униформата да мине 11 месеци, тој ја носел само две години, во војната во која црните герилци се борле за да стават крај на стравот кој се ширел над малцинствата.

„Бев извидник кој влегуваше длабоко во непријателската територија. За време на војувањето просведочив на смртта на тројца мои пријатели. И самиот бев присилен да убивам. Страшните спомени на тоа, повеќе не ме прогонуваат како на почетокот. Но денеска се будам среде ноќ, целиот облеан со ладна пот“, вели Гробелар.

 

Тој признал дека фудбалот му го спасил животот и го спречил до крајот да не потоне во депресија и фрустрација поради тоа што смртта и војната му ја одбележаа младоста.

„Доживеав сешто како голман. Фрлаа по мене со ножеви, стрели за пикадо, топки за билјард, остри парички, компири во кои беа забодени жилети“, се присетува Гробелар.

Сега е јасно зошто голманот е познат по своето провокативно однесување. Односно благата насмевка која ја покажувал на се и сешто. Пред тоа убивал во немилосрдна војна во која загинале повеќе од 20.000 луѓе.

 

Scroll to Top