Му се посреќи – Освои 99 милиони евра на европската лотарија

By

Еден Британец е сопственик на добитното ливче од последното коло на европската лотарија ЕуроМилионс, благодарение на кое освои 99 милиони евра.

Ова е седми најголем џекпот на наградна игра, што завршува во рацете на еден граѓанин од Велика Британија.

Среќните броеви биле 17, 35, 39, 47 и 50 со среќните ѕвезди 6 и 8.

Овие денови ќе биде извршена проверка на ливчето и доколку се биде во ред, Британецот ќе стане еден од милионерите во Велика Британија.

Во јануари оваа година еден Ирец освои 88,5 милиони евра, а најголемиот износ го освои брачната двојка од Велика Британија, Адриен и Џуилјан Бејфорд, кои потоа се разведоа.

Ќе ви се допадне