Музичари од три континенти на 20. Офф-фест

Од 9 до 13 ноември, ќе се одржува јубилејното 20. издание на музичкиот фестивал Офф-фест, на кои ќе учествуваат музичари од три континенти.

Фестивалот ќе започне со проекција на документарниот филм „Уметноста на Амалија“ во кино Фросина, посветен на легендарната фадо пејачка Амалија Родригес. Истата вечер ќе настапи португалско-шпанското дуо Лина и Раул Рефре.

На 11 ноември групата „Широм“ (Словенија) и на Кико Динучи (Бразил) ќе ги одржат своите концертни настапи, додека на 13 ноември ќе настапат Пијан Славеј, фронтменот на „Фолтин“ и Камерунката Блик Баси.

Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет.

Офф-фест првпат се одржа во 2002, инспириран од долгогодишниот традиционален Скопски џез фестивал. Неговата цел е подигнување на креативноса, популарноста и свесноста за таканаречената „музика на светот“. Фестивалот успеа да ја доолови разновидноста на музиката од сите континенти, фокусирајќи се на одделни категории: од традиционалната, етно, фолк и изворна музика сè до современите, урбани и експериментални музички струења.

Низ годините бројни музички ѕвезди биле дел од овој фестивал, како од земјава и регионот, така и од странство.

Scroll to Top