На бразилска политичарка ѝ се заканиле со силување

Пратеничката од Бразил, Ана Паула да Силва, која го привлече вниманието кон себе откако во парламентот се појави со длабоко деколте, сега вели дека била на социјалните мрежи била мета на закани по смрт и силување.

Меѓу пофалните коментари кои Ана ги добила за изборот на облека на церемонијата на инаугурацијата, имало и такви кои ѝ упатиле страшни закани дека ќе биде убиена и силувана.

Ана е избрана во јануари со повеќе од 50.000 гласови за пратеничка во парламентот Санта Катарина. Претходно била градоначалничка на градот Бомбинхас.

Ана која е позната во својата земја вели дека не ѝ било лесно поради закани дека ќе биде силувана.

„Нема да се одречам од тоа што сум. Сакам пред се да бидам среќна, а тоа значи да ги претставувам луѓето, онаква каква што сум“, изјавила Паулина.

Scroll to Top