На Маск му се потребни 20 години и 1.000 вселенски бродови да го изгради градот на Марс

На Илон Маск ќе му бидат потребни 20 години и 1.000 вселенски бродови за да го направи планираниот град на Марс, објавија од компанијата за вселенска технологија Spejs eks.

Од компанијата одговараа на прашањата на обожавателите на „Твитер“, наведувајќи дека според нивните проценки, прво компанијата ќе мора да изгради 1.000 вселенски бродови, кои ќе бидат наменети за пренесување на багажот, инфраструктурата и екипажот на Марс. За тоа ќе бидат потребни минимум 20 години, со оглед на тоа што само летот до Црвената Планета ќе трае една до две години.

Маск на неодамнешната прослава на Денот на американското воено воздухопловство во Калифорнија изјавил дка неговите трошоци за лансирање на еден вселенски брод чинат околу два милиони долари, а конечната цел му е да постави самоодржлив град на Марс.

Маск се осврна на краткорочниот потенцијал за вселенски бродови, кои ќе бидат дизајнирани за повторно користење, а во идеални случаи ќе можат да летаат и до трипати дневно. Маск објасни дека еден вселенски брод ќе прави по 1.000 летови годишно и на тој начин ќе може да се лансираат повеќе од 10 милиони тони опрема и залихи во орбитата во текот на годината.

Денешниот капацитет на вселенски бродови и стотина ракети „фалкон“ подразбираат околу 500 тони годишно, што значи дека има уште многу работа. За да се изгради одржлив град на Марс, прво треба да се испрати екипаж, вели Маск. НАСА ја постави оваа цел до 2024 година, а Spejs eks се надева дека својот брод ќе успее да го спушти на Црвената Планета до 2022 година.

Scroll to Top