Островот Аруба кој се наоѓа во Карипското море може да се пофали со бројни активности, како и прекрасни ресторани, а посебна атракција претставуваат двете плажи.
Една е наменета за семејството со децата, а другата „само за возрасни“, воедно и најатрактивна е затоа што таму слободно се шетаат фламингоси!
Токму тоа е и „мамецот“ за сите туристи, и се користи секоја можност да на социјалните мрежи се промовира чистото море, белиот песок и средбата со необичните птици.
Фламингосите на оваа плажа толку навикнаа на луѓето, со што целосно се припитомија и уживаат во нивното друштво.
Одлична работа е што не мора да се биде гостин во хотелот за да се посети оваа приватна плажа, но за ова задоволство морате да издвоите поголема количина на пари.
Имено, дневна карта за возрасни личности изнесува 99 долари, но во цената е вклучен и ручек и коктел за добредојденците.
Цифрата е доста книжна, но тоа не ги спречува љубителите на фламингостите да го минат целиот ден во природата, и рајското опкружување.
Погледнете како изгледа островот од сништата: