На пијана мајка ѝ падна бебето од количка на ескалатор

На Британката Дидри О’Риордан ѝ испадна бебето од количката додека се обидувала да се качи на на ескалатор во подземна железница во Лондон. Сведоците велат дека таа била толку пијана па затоа не можела да ја стави количката на подвижните скали.

На крајот количката се превртела, а бебето испаднало од неа. Прекршочниот суд соопштил дека О’Риордан ја поминала вечерта со пријателки со кои испиле повеќе од вообичаено, додека нејзиниот партнер бил на работа.

Судијата и изрекол условна казна, а таа викендот морала да го помине во притвор. Тој рече дека казната е никаква во споредба со она што таа го направила и како се однесувала.

Scroll to Top