Шест нудисти кои се сончале и бањале на брегот на езерото Комо на северот на Италија, се казнети со по 3333 евра, поради нарушување на достоинството на јавноста.
Мажите на возраст од 43 до 68 години, биле забележани во неделата попладнето од страна на патролата на полицијата на плажата Абадија ларијана на истокот од езерото.
На плажата на езерото Комо имало околу 70 луѓе, воглавно посетители од Јужна Америка и источна Европа, како и од околните италијански провинции.
Италијанската покраина Ломбардија, во која се наоѓа езерото Комо, најтежно е погодена од пандемијата со вирусот Ковид 19, а иако мерките постепено се ублажуваат и понатаму е на сила носењето на маски.
Италијанските медиуми пренесоа дека мажите биле фатени само со маски на себе.