На твитер е објавена фотографија од ливче на кое е оставен телефонски број откако бил изгребан автомобил на паркинг.
„Извинете ние ви ја изгребавме колата. Брат ми е почетен возач. Ве молам за разбирање. Ако има потреба за некаков надомест еве контакт број„, е напишано на ливчето.
Дури и корисникот на Твитер чија кола била е изгребана се изненадил од целата ситуација.
-Денеска на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадов кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П.С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да… Се е ОК, ќе части кафе некогаш, се вели во објавата.
Денес на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадив кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе.
П. С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да.. Све е ок. Ќе части едно кафе некогаш 👍 pic.twitter.com/T3Lqjc9UkG— АЈЕРДНА (@Go2bedReal) September 16, 2020